ПРОМОТИВНА АКЦИЈА PANINI FIFA WORLD CUP 2026

ЗА ПРОМОТИВНАТА АКЦИЈА
  • Промотивна акција PANINI – FIFA WORLD CUP 2026 со 500 подароци за најбрзите.
  • ПОДАРОК – ДРЕС/МАИЦА PANINI (достапна големина бр. S, M, L и XL). Изборот на големината е го прави колекционерот при пријавувањето.  Испораките според избраната големина е ограничен со количините.
  • Подароците ќе им бидат достапни на сите колекционери, под еднакви услови, а добитници ќе бидат оние колекционери што најбрзо ќе соберат 50 празни кесички и ќе се пријават за подарок според Упатствата и Правилата на Промотивната акција.
  • Упатствата и Правилата се сообразени со промотивните цели на Акцијата – што поширок круг на колекционери да добијат можност да бидат добитници на подарокот.
  • Пријавувањето за учество во Промотивната акција ќе се одвива напоредно со продажбата на PANINI – FIFA WORLD CUP 2026, a ќе трае до завршување на продажбата на PANINI – FIFA WORLD CUP 2026, односно до исцрпување на сите подароци што ќе биде соопштено на нашата веб страна SLIKICKI.MK
  • Колекционерите со собрани 50 празни кесички, можат да се пријават за подарок со пополнување и доставување на формуларот(пријава) што е достапен на оваа страница и е составен дел на правилата за учество.
  • Пријавата за подарок може да се однесува само на еден колекционер и за еден подарок.
  • Во Промотивната акција еден ист колекционер може да биде добитник на само еден подарок.
  • Добитници на подарок ќе бидат првите 500 пријавeни, доколку пријавата биде потврдена со предавање на 50 празни кесички.
    Пријавите што нема да бидат потврдени со предавање на празните кесички ќе се сметаат за невалидни, а подароците ќе се доделат на други колекционери, според редоследот на пристигнатите пријави.
  • Пријавените колекционери ќе добијат известување-повик со инструкции за предавање на празните кесички и за преземање на подарокот.
  • Право на учество имаат само колекционери со адреса на живеење во Р.С. Македонија.
  • Вработените во ДИПРЕС ДООЕЛ Скопје и членови на нивните потесни семејства немаат право на учество.
  • Сите податоци што во рамките на Промотивната акција ќе ги добиеме од колекционерите, ќе ги користиме само за целите на акцијата, нема да ги споделуваме со трети лица и целосно ќе ги заштитиме согласно со Законот за заштита на личните податоци на Р.С. Македонија. заштитиме согласно со Законот за заштита на личните податоци на Р.С. Македонија.
Scroll to Top