БЕЗБЕДНО ПЛАЌАЊЕ И БРЗА ДОСТАВА
Инструкции за купување на Slikicki.mk
Купувањето на WWW.SLIKICKI.MK може да го направите како купувач со регистриран профил или како гостин. Регистрацијата на профил се врши со пополнување на Формуларот за регистрација.
Купувањето на WWW.SLIKICKI.MK може да го направите и како како гостин, односно без регистрација, следејќи ги истите чекори за купување како и кај регистрираните корисници/купувачи. Во овој случај нема да имате пристап до Ваш кориснички профил.
Сите достапни производи за нарачка можете да ги најдете на страната Е-ПРОДАВНИЦА. Цените на SLIKICKI.MK се моментно важечите малопродажни цени во Р. С. Македонија, со вклучен ДДВ. Доколку ги има, минималната и максималната количина за нарачка за некој производ се наведени во описот на производот. За секоја комплетирана нарачка ќе биде изготвена фактура која ќе ја добиете во електронска форма и заверена копија од истата при прием на нарачката.
1. Кога ќе го пронајдете производот што сакате да го нарачате, кликнете на неговата слика или име до сликата за да отидете на страницата со детали за производот или директно на копчето „Додади во кошничка“ за да го додадете веднаш во кошничката. Со секое кликнување на копчето ” + ” или “– “ состојбата на Вашата кошничка се менува (промена на количина и износ).
2. Доколку сакате да ја проверите моменталата состојба на кошничката треба да кликнета на линкот со симболот за кошничка. На оваа страница, со копчињата ” + ” или “– “ можете да правите корекција на количините на избраниот производ. Доколку сакате производот да го отстраните од кошничката кликнете на копчето избриши. Сите промени автоматски се обновуваат. За да продолжите со купување кликнете на копчето КОН НАПЛАТА по што ќе ви биде прикажан формуларот за вашата нарачка:
3. Пополнете го формуларот во соодветните полиња за наплата и достава.
4. Проверете ја точноста на внесените информации. Потоа кликнете на копчето ПЛАЌАЊЕ/НАРАЧКА за да ја направите нарачката. Со кликнување на копчето ПЛАЌАЊЕ/НАРАЧКА вие ја потврдувате точноста на податоците кои се внесени за наплата и достава и со тоа Вашата нарачка е успешно креирана. Ние не можеме да бидеме одговорни за погрешно внесени податоци наплата и достава, ниту можеме, во тој случај, да гарантираме целосно исполнување на обрските од договорот за продажба на далечина. Доколку по завршување на купувањето приметите дека се направени ненамерни грешки при внесот на податоци за наплата или достава, потребно е веднаш да не контактирате со цел корегирање на податоците.
Со кликнување на копчето ПЛАТИ, изјавувате дека сте ги прочитале и дека сте согласни со ОПШТИТЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ и ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ.
Безбедно плаќање
– Плаќање со платежна картичка
За овој начин на плаќање можат да се користат VISA и MarsterCard картички издадени од која било банка во светот. По формирање на нарачката кликнете на копчето ПЛАТИ по што автоматски ќе бидете пренасочени на веб-страницата на Халкбанк АД Скопје. Банката ја врши обработката на платежни картички на Интернет, во соработка со компанијата Nestpay. При плаќање со платежна картичка потребно е да ги внесете следниве информации: име и презиме на сопственикот, број на картичката, датум на истекување на картичката и CVV бројот на картичка (т.е. број за потврда на картичката) – ова е бројот што обично стои на задниот дел од картичката и се состои од 3 цифри (некои картички имаат и 4 цифри). Можеби ќе биде побарано да го внесете типот (марката) на картичката. Банката ја проверува вашата картичка и достапноста на средствата на сметката и дали се исполнети сите други услови за успешно плаќање. Ние немаме пристап до податоците кои ги внесувате при плаќањето или купувањето. Информациите од Вашата платежна картичка во ниеден случај не можат да бидат пренесени или зачувани на нашите сервери преку кои комуницирате со slikicki.mk. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на ХалкБанка АД Скопје која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции преку интернет. При процесот на наплата, податоците за Вашата платежна картичка се процесираат преку безбедносен HTTPS протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас, податоците од Вашата платежна картичка се НЕВИДЛИВИ. Едиствена информација од процесот на плаќање која банката ја проследува до нас се статусот на трансакцијата, последните 4 броја од од Вашата картичка и износот на трансакцијата, додека сите останати информации се целосно криптирани.
Почетен статус за секоја успешна трансакција/нарачка со платежна картичка е дека нарачката СЕ ПРОЦЕСИРА. Доколку нарачката има статус ОЧЕКУВА ПЛАЌАЊЕ или НЕУСПЕШНА, значи дека трансакцијата била некомплетирана или одбиена и после 5 мин., нарачката се прогласува за ОТКАЖАНА. Кога нарачката добива статус КОМПЛЕТИРАНА, на Вашата e-mail адреса ќе добиете потврда за комплетирана нарачка. Со доставување на потврдата од страна на slikicki.mk до е-mail адресата на купувачот дека нарачката е комплетиранана, договорот за продажба на далечина се смета за склучен. Во случај да не можеме да ја потврдиме, односно да ја комплетираме нарачката, ќе бидете навремено известени.
– Вирманско плаќање во банка или пошта
По формирање на нарачката кликнете на копчето ПЛАТИ по што на вашата e-mail адреса ќе добиете известување за примена нарачка. Вашата нарачка има почетен статус НА ЧЕКАЊЕ. Известувањето што ќе го добиете на вашата e-mail адресаги содржи сите информациии за Вашата нарачка, вклучувајќи ги Вкупниот износ за плаќање и бројот на нарачката. Плаќањето можете да го направите во банка или пошта на име на Налогопримач: ДИПРЕС ДООЕЛ СКОПЈЕ; банка депонент: ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ; ж.с. 270-0514251201-50; цел на дознака: број на нарачка. Доставата при ваквиот начин на плаќање е по евидентирана уплата. По евидентирана уплата, статус на нарачкате ќе се промени во СЕ ПРОЦЕСИРА. Кога нарачката добива статус КОМПЛЕТИРАНА, на Вашата e-mail адреса ќе добиете потврда за комплетирана нарачка. Со доставување на потврдата дека нарачката е комплетиранана, договорот за продажба на далечина се смета за склучен. Во случај да не можеме да ја потврдиме, односно комплетираме нарачката, ќе бидете навремено известени.
Достава на нарачка
Доставата на купените произведи преку Е-продавницата на SLIKCKI.MK се врши исклучиво на територијата на Р. Северна Македонија, со Бизнис Пратка од Пошта на Р. Северна Македонија. Роковите за испорака на територија на целата државате се 48 часа и почнуваат да течат од:
– При купување со платежна картичка, за секоја комплетирана нарачка до 12 часот на пладне, роковите за испорака почнуваат да течат од истиот ден. За секоја комплетирана нарачка по 12 часот, роковите за испорака почнуваат да течат од наредниот работен ден. Доколку купувањето е извршено во петок после 12 часот, за време на викенд, државен или верски празник, роковите за испорака почнуваат да течат од првиот нареден работен ден.
– При вирманско плаќање во банка или пошта, доставата е по евидентирана уплата, а роковите за испорака почнуваат да течат од наредниот ден по уплатата. Доколку плаќањето е извршено во петок или сабота, на ден пред или на државен или верски празник, роковите за испорака почнуваат да течат од првиот нареден работен ден.
Доставата се врши според податоците за достава во вашата нарачка. По комплетирање на нарачката очекувајте повик од доставувачот на Пошта на РСМ на моб. телефон наведен во Вашата нарачка, заради договарање на преземањето.
Трошоците за достава изнесуваат 150,00 ден. и ги сноси купувачот доколку вкупниот износ на нарачката е под 2000 ден. За секоја нарачка со вкупен износ од 2000 денари или повеќе, доставата е бесплатна. Доколку го има, трошокот за достава ќе биде наведен во фактурата
Рекламации
Откако ќе Ви биде доставена нарачката, Вие сте должни да ја проверите истата и доколку производот не е во согласност со Вашата нарачка, ве молиме да не контактирате со испраќање на порака преку долниот формулар при што ќе ги објасните причините поради кои сакате да направите замена или пак враќање на нарачката.
Потребно е да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Од страна на Дипрес ДООЕЛ Скопје ќе бидете известени за понатамошната постапка во најкраток можен рок.
Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен кога купувачот добил неисправен или погрешен производ. За да може да ја вратите или пак замените нарачката, задолжително мора истата да не биде оштетена и спакуван во првичното пакување заедно со фактурата.
