БЕЗБЕДНО ПЛАЌАЊЕ И БРЗА ДОСТАВА
Инструкции за купување на Slikicki.mk
Достапни за купување во Редовна продажба се сите производи од асортиманот на Е-продавницата – WWW.SLIKICKI.MK означени На Залиха. Во Предпродажба, достапни за купување се само производите означени за ПРЕДПРОДЖБА. Предпродажбата подразбира продажба на производи кои во моментот на купување не се На Залиха и чија испорака ќе започне со отпочнувањето на нивната редовна продажба. Производите во редовна продажба и производите во претпродажба не можат да се купат во една иста нарачка.
Купувањето на WWW.SLIKICKI.MK може да го направите како купувач со регистриран профил или како гостин. Регистрацијата на профил се врши со пополнување на Формуларот за регистрација.
Купувањето на WWW.SLIKICKI.MK може да го направите и како како гостин, односно без регистрација, следејќи ги истите чекори за купување како и кај регистрираните корисници/купувачи. Во овој случај нема да имате пристап до Ваш кориснички профил.
Сите достапни производи за нарачка можете да ги најдете на страната Е-ПРОДАВНИЦА. Цените на SLIKICKI.MK се со вклучен ДДВ. Доколку ги има, минималната и максималната количина за нарачка за некој производ се наведени во описот на производот. За секоја комплетирана нарачка ќе биде изготвена фактура која ќе ја добиете во електронска форма и заверена копија од истата при прием на нарачката.
1. Кога ќе го пронајдете производот што сакате да го нарачате, кликнете на неговата слика или име до сликата за да отидете на страницата со детали за производот или директно на копчето „Додади во кошничка“ за да го додадете веднаш во кошничката. Со секое кликнување на копчето ” + ” или “– “ состојбата на Вашата кошничка се менува (промена на количина и износ).
2. Доколку сакате да ја проверите моменталата состојба на кошничката треба да кликнета на линкот со симболот за кошничка. На оваа страница, со копчињата ” + ” или “– “ можете да правите корекција на количините на избраниот производ. Доколку сакате производот да го отстраните од кошничката кликнете на копчето избриши. Сите промени автоматски се обновуваат. За да продолжите со купување кликнете на копчето КОН НАПЛАТА по што ќе ви биде прикажан формуларот за вашата нарачка:
3. Пополнете го формуларот во соодветните полиња за наплата и достава.
4. Проверете ја точноста на внесените информации. Потоа кликнете на копчето ПЛАТИ за да ја направите нарачката. Со кликнување на копчето ПЛАТИ вие ја потврдувате точноста на податоците кои се внесени за наплата и достава и со тоа Вашата нарачка е успешно креирана. Ние не можеме да бидеме одговорни за погрешно внесени податоци наплата и достава, ниту можеме, во тој случај, да гарантираме целосно исполнување на обрските од договорот за продажба на далечина. Доколку по завршување на купувањето приметите дека се направени ненамерни грешки при внесот на податоци за наплата или достава, потребно е веднаш да не контактирате со цел корегирање на податоците.
Со кликнување на копчето ПЛАТИ, изјавувате дека сте ги прочитале и дека сте согласни со ОПШТИТЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ и ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ.
Безбедно плаќање
– Плаќање со платежна картичка
За овој начин на плаќање можат да се користат VISA и MarsterCard картички издадени од која било банка во светот. По формирање на нарачката кликнете на копчето ПЛАТИ по што автоматски ќе бидете пренасочени на веб-страницата на Халкбанк АД Скопје. Банката ја врши обработката на платежни картички на Интернет, во соработка со компанијата Nestpay. При плаќање со платежна картичка потребно е да ги внесете следниве информации: име и презиме на сопственикот, број на картичката, датум на истекување на картичката и CVV бројот на картичка (т.е. број за потврда на картичката) – ова е бројот што обично стои на задниот дел од картичката и се состои од 3 цифри (некои картички имаат и 4 цифри). Можеби ќе биде побарано да го внесете типот (марката) на картичката. Банката ја проверува вашата картичка и достапноста на средствата на сметката и дали се исполнети сите други услови за успешно плаќање. Ние немаме пристап до податоците кои ги внесувате при плаќањето или купувањето. Информациите од Вашата платежна картичка во ниеден случај не можат да бидат пренесени или зачувани на нашите сервери преку кои комуницирате со slikicki.mk. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на ХалкБанка АД Скопје која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции преку интернет. При процесот на наплата, податоците за Вашата платежна картичка се процесираат преку безбедносен HTTPS протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас, податоците од Вашата платежна картичка се НЕВИДЛИВИ. Едиствена информација од процесот на плаќање која банката ја проследува до нас се статусот на трансакцијата, последните 4 броја од од Вашата картичка и износот на трансакцијата, додека сите останати информации се целосно криптирани.
Почетен статус за секоја успешна трансакција/нарачка со платежна картичка е дека нарачката СЕ ПРОЦЕСИРА. Доколку нарачката има статус ОЧЕКУВА ПЛАЌАЊЕ или НЕУСПЕШНА, значи дека трансакцијата била некомплетирана или одбиена и после 5 мин., нарачката се прогласува за ОТКАЖАНА. Кога нарачката добива статус КОМПЛЕТИРАНА, на Вашата e-mail адреса ќе добиете потврда за комплетирана нарачка. Со доставување на потврдата од страна на slikicki.mk до е-mail адресата на купувачот дека нарачката е комплетиранана, договорот за продажба на далечина се смета за склучен.
Во случај на околности што ќе ја оневозможат нарачката, Дипрес Дооел Скопје се обврзува да го извести нарачателот и да изврши поврат на уплатените средства на нарачателот, во рок од три дена од констатирање на таквите оклности.
Достава на нарачка
Испораките на нарачките направени преку SLIKCKI.MK ќе се врши на начин по избор на нарачателот и тоа:
– со поштенска пратка на адреса на нарачателот наведена во нарачката, со претходен тел. повик од доставувачот и доворање на начинот на преземање или
– на друг начин што ќе му биде понуден на нарачателот при плаќањето на нарачката со употреба на утврдениот начин на идентификација што ќе му биде соопшптен на карачателот.
Испораки на нарачките ќе се вршат само на територијата на Р. Северна Македонија.
Рок за испорака за нарачки со производи во редовна продажба е 5-10 работни денови и започнува од наредниот ден по плаќањето на нарачката. Доколку плаќањето е извршено во петок, за време на викенд, државен или верски празник, рокот за испорака започнув од првиот нареден работен ден. Доставата се врши според податоците за достава во вашата нарачка.
Трошокот за достава со поштенска пратка ги сноси купувачот доколку вкупниот износ на нарачката е помал од утврдениот износ за бесплатна достава и истиот ќе биде прикажуван при плаќањето и во фактурата.
Испораката на нарачките со производи во Предпродажба ќе се реализира во рок од 5 – 10 дена по отпочнувањето на нивната редовна продажба.
Рекламации
Откако ќе Ви биде доставена нарачката, Вие сте должни да ја проверите истата и доколку производот не е во согласност со Вашата нарачка, ве молиме да не контактирате со испраќање на порака преку долниот формулар при што ќе ги објасните причините поради кои сакате да направите замена или пак враќање на нарачката.
Потребно е да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Од страна на Дипрес ДООЕЛ Скопје ќе бидете известени за понатамошната постапка во најкраток можен рок.
Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен кога купувачот добил неисправен или погрешен производ. За да може да ја вратите или пак замените нарачката, задолжително мора истата да не биде оштетена и спакуван во првичното пакување заедно со фактурата.
