ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници и потрошувачи/купувачи,

внимателно прочитајте ги условите за употреба пред да ја користите веб-страницата WWW.SLIKICKI.MK, сопственост на Дипрес Дооел Скопје. Користејќи ја нашата веб-страница, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле овие услови за употреба (во натамошниот текст: Услови).
Дипрес дооел Скопје го задржува правото да ги менува Условите во секое време со правење измени во овој текст. Предлагаме да ја посетувате оваа веб-страница од време на време за да видите дали Условите се променети од вашата последна посета.

1. Корисник е секое лице кое пристапува до страницата www.slikicki.mk и целата нејзина содржина.
2. Потрошувач/купувач е физичко лице кое купува производ заради задоволување на индивидуалните потреби, а не за вршење професионална дејност.
3. Продавач во овој случај е Дипрес Дооел Скопје.

Дипрес Дооел Скопје со добра волја објавува содржини на веб-страницата. Вие ги користите сите содржини на страницата www.slikicki.mk единствено на ваш сопствен ризик и Дипрес Дооел Скопје не може да одговара за каква било штета предизвикана од употребата.
Содржината објавена на веб-страницата www.slikicki.mk е сопственост на Дипрес Дооел Скопје и може да се користи само за некомерцијални цели, под услов да се почитуваат сите наведени известувања за авторски права.
Содржината прикажана на оваа страница, како што се страници, елементи за дизајн (копчиња, икони, итн.), текстови, логоа, аудио записи и софтвер се сопственост на Дипрес Дооел Скопје и не може да се користат без претходна согласност.
Не можете да ја менувате содржината на оваа страница на кој било начин, или да ја репродуцирате или јавно да прикажувате, изведувате, дистрибуирате или на друг начин да ја користите за јавни или комерцијални цели. Ако сакате да ја користите содржината објавена на оваа веб-страница за други цели освен оние наведени тука, треба да контактирате со нас за да добиете дозвола.