БРЗА И СИГУРНА ДОСТАВА

Доставата на купените произведи преку Е-продавницата на SLIKCKI.MK се врши исклучиво на територијата на Р. Северна Македонија, преку Пошта на Р. Северна Македонија. Роковите за испорака на територија на град Скопје се до крајот на следниот ден, а во другите градови во Македонија во рок од 48 часа, односно 2 работни дена. 

– При купување со платежна картичка, за секоја успешна трансакција/нарачка до 12 часот, роковите за испорака почнуваат да течат од истиот ден. За секоја успешна трансакција/нарачка по 12 часот,  роковите за испорака почнуваат да течат од наредниот работен ден. Доколку купувањето е извршено во петок после 12 часот, за време на викенд, државен или верски празник, роковите за испорака почнуваат да течат од првиот нареден работен ден.

– При вирманско плаќање во банка или пошта, доставата е по добиена уплата, а роковите за испорака почнуваат да течат од наредниот ден по уплатата. Доколку плаќањето е извршено во петок или сабота, на ден пред или на државен или верски празник, роковите за испорака почнуваат да течат од првиот нареден работен ден по добиена уплата.

Доставата се врши според податоците за достава во вашата нарачка. По направеното купување, очекувајте повик од доставувачот на Пошта на РСМ  на моб. телефон наведен во вашата нарачка, заради договарање на преземањето.

Трошоците за достава изнесуваат 150,00 ден. и ги сноси купувачот доколку минималната купена количина е 25 кесички. За секоја нарачка од 50 кесички или повеќе, доставата е бесплатна. Доколку го има, трошокот за достава ќе биде наведен во фактурата.