FIFA 365 2024 - ПРОМОТИВНА АКЦИЈА СО 400 ПОДАРОЦИ ЗА КОЛЕКЦИОНЕРИТЕ

Пополнувајте го вашиот албум и обрнете внимание на позадините на сликичките на кои се наоѓа една од буквите(како што е прикажано во албумот) кои се потребни за составување на изразот GOLDENWORLDOFFOOTBALL. Соберете ги позадините со сите овие букви(вкупно 21) и учествувајте во Промотивната акција за ПОДАРОК – ПАНИНИ ФУДБАЛСКА ТОПКА.
Во Промотивната акција ќе бидат доделени вкупно 400 подароци. Подароците ќе им бидат достапни на сите колекционери, под еднакви услови, а добитници ќе бидат оние колекционери што ќе ги соберат сите позадини и најбрзо ќе се пријават за подарок според Упатствата и Правилата на Промотивната акција. Упатствата и Правилата се сообразени со промотивните цели на Акцијата – што поширок круг на колекционери да добијат можност да бидат добитници на подарокот.

Промотивната акција ќе започне на 20-ти ноември(понеделник) и ќе се одвива континуирано за време на продажбата на PANINI FIFA 365 2024, до исцрпувањето на сите 400 подароци. Завршувањето на Промотивната акција ќе биде соопштено на нашиот сајт SLIKICKI.MK

  • Колекционерите со собрани позадини, можат да се пријават за подарок со пополнување и доставување на формуларот(пријава) што е достапен подолу како составен дел на правилата за учество.
  • Пријавата за подарок може да се однесува само на еден колекционер и за еден подарок.
  • Во Промотивната акција еден ист колекционер може да биде добитник на само еден подарок.
  • Добитници на подарок ќе бидат првите 400 пријави што ќе пристигнат на нашата адреса, доколку пријавата биде потврдена со предавање на собраните позадини. Пријавите што нема да бидат потврдени со предавање на собраните позадини ќе се сметаат за невалидни, а подароците ќе се доделат на други колекционери, според редоследот на пристигнатите пријави.
  • Преземањето на подароците ќе започне веднаш по нивното пристигнување во Македонија (се очекува кон средината на ноември), за што сите првопријавени колекционери ќе добијат известување-повик со инструкции за предавање на позадините и за преземање на подарокот.
  • Право на учество имаат само колекционери со адреса на живеење во Р.С. Македонија.
  • Вработените во ДИПРЕС ДООЕЛ Скопје и членови на нивните потесни семејства немаат право на учество.

Сите податоци што во рамките на Промотивната акција ќе ги добиеме од колекционерите, ќе ги користиме само за целите на акцијата, нема да ги споделуваме со трети лица и целосно ќе ги заштитиме согласно со Законот за заштита на личните податоци на Р.С. Македонија.