БЕЗБЕДНО КУПУВАЊЕ

Инструкции за купување преку Интернет

Купувањето на WWW.SLIKICKI.MK може да го направите како регистриран корисник или како гостин. Регистрацијата се врши со пополнување на Формуларот за регистрација. Сите достапни производи за нарачка можете да ги најдете на страната Е-ПРОДАВНИЦА. 

1. Кога ќе го пронајдете производот што сакате да го нарачате, кликнете на неговата слика или име до сликата за да отидете на страницата со детали за производот или директно на копчето „Додади во кошничка“ за да го додадете веднаш во кошничката. Со секое кликнување на копчето ОБНОВИ КОШНИЧКА состојбата на Вашата кошничка се менува (промена на количина и износ):
2. Доколку сакате да ја проверите моменталата состојба на кошничката треба да кликнета на линкот со симболот за кошничка. На оваа страница, со копчињата ” + ” или  “ можете да ги промените количините на секој производ во кошничката. На копчето ОБНОВИ КОШНИЧКА ги потврдувате промените. За да продолжите со купување кликнете на копчето ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА по што ќе ви биде прикажан образецот за вашата нарачка:
3. Пополнете го образецот во соодветните полиња за наплата и достава:

4. Проверете ја точноста на внесените информации. Потоа кликнете на копчето ПЛАТИ/НАРАЧАЈ за да ја направите нарачката. Вашата нарачка за купување е успешно креирана. Со кликнување на копчето ПЛАТИ/НАРАЧАЈ вие ја потврдувате точноста на податоците кои се внесени за наплата и достава. Ние не можеме да бидеме одговорни за погрешно внесени податоци наплата и достава, ниту можеме, во тој случај, да гарантираме целосно исполнување на обрските од договорот за продажба на далечина. Доколку по завршување на купувањето приметите дека се направени ненамерни грешки при внесот на податоци за наплата или достава, треба сте веднаш да не контактирате.

Купувањето на WWW.SLIKICKI.MK може да го направите и како како гостин, односно без регистрација, следејќи ги истите чекори за купување како и кај регистрираните корисници/купувачи. Во овој случај нема да имете пристап до Ваш кориснички профил.

Со кликнување на копчето ПЛАТИ/НАРАЧАЈ, изјавувате дека сте ги прочитале и дека сте согласни со ОПШТИТЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Цени и количини

Цените на SLIKICKI.MK се моментно важечите малопродажни цени во Р. С. Македонија, со вклучен ДДВ, и се однесуваат на една кесичка со сликички. Минимална количина за нарачка е 25 кесички. Следни достапни количини се 50, 75, 100, 125, 150 итн. За секоја нарачка ќе биде изготвена фактура која ќе ја добиете во електронска форма и заверена копија од истата при прием на нарачката.

Безбедно плаќање

– Плаќање со платежна картичка 

За овој начин на плаќање можат да се користат VISA и MarsterCard картички издадени од која било банка во светот. По формирање на нарачката кликнете на копчето ПЛАТИ/НАРАЧАЈ по што автоматски ќе бидете пренасочени на веб-страницата на Халкбанк АД Скопје. Банката врши обработка на платежни картички на Интернет, во соработка со компанијата Nestpay. При плаќање со платежна картичка потребно е да ги внесете следниве информации: број на картичка, датум на истекување на картичката и CVV бројот на картичка (т.е. број за потврда на картичката) – ова е бројот што обично стои на задниот дел од картичката и се состои од 3 цифри (некои картички имаат и 4 цифри). Можеби ќе биде побарано да го внесете типот (марката) на картичката. Банката ја проверува вашата картичка и достапноста на средствата на сметката и дали се исполнети сите други услови за успешно плаќање. Ние немаме пристап до податоците кои ги внесувате при плаќањето или купувањето. Информациите од Вашата платежна картичка во ниеден случај не можат да бидат пренесени или зачувани на серверите преку кои комуницирате со slikicki.mk. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на ХалкБанка АД Скопје која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции преку интернет. При процесот на наплата, податоците за Вашата платежна картичка се процесираат преку безбедносен HTTPS протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас, податоците од Вашата платежна картичка се НЕВИДЛИВИ. Едиствена информација од процесот на плаќање кој банката ја проследува до нас се статусот на трансакцијата, последните 4 броја од од Вашата картичка, Вашето Име и Презиме и износот на трансакцијата, додека сите останати се целосно криптирани.

Почетен статус за секоја успешна трансакција/нарачка со платежна картичка е дека нарачката СЕ ПРОЦЕСИРА. Доколку нарачката има статус ОЧЕКУВА ПЛАЌАЊЕ, значи дека трансакцијата била некомплетирана или неуспешна и после 5 мин., нарачката се прогласува за ОТКАЖАНА. Кога нарачката добива статус КОМПЛЕТИРАНА, вие на вашата е-пошта ќе добиете потврда за комплетирана нарачка. Со доставување на потврдата од страна на slikicki.mk до е-поштата на потрошувачот дека нарачката е комплетиранана, договорот за продажба на далечина се смета за склучен. Во случај да не можеме да ја потврдиме, односно комплетираме нарачката, ќе бидете навремено известени.

– Вирманско плаќање во банка или пошта
По формирање на нарачката кликнете на копчето ПЛАТИ/НАРАЧАЈ по што ќе добиете известување за успешна нарачка. Вашата нарачка има поечетен статус НА ЧЕКАЊЕ. Известувањето ги содржи сите информациии за Вашата нарачка, вклучувајќи ги Вкупниот износ за плаќање и бројот на нарачката. Плаќањето можете да го направите во банка или пошта на име на Налогопримач: ДИПРЕС ДООЕЛ СКОПЈЕ; банка депонент: ХАЛКБАНКА АД СКОПЈЕ; ж.с. 270-0514251201-50; цел на дознака: број на нарачка. Доставата при ваквиот начин на плаќање е по добиена уплата. По добиена уплата, почетниот статус на нарачкате е СЕ ПРОЦЕСИРА. Кога нарачката добива статус КОМПЛЕТИРАНА, вие на вашата е-пошта ќе добиете потврда за комплетирана нарачка. Со доставување на потврдата од страна на slikicki.mk до е-поштата на потрошувачот дека нарачката е комплетиранана, договорот за продажба на далечина се смета за склучен. Во случај да не можеме да ја потврдиме, односно комплетираме нарачката, ќе бидете навремено известени. 
 

Достава на производот

Доставата на купените произведи преку Е-продавницата на SLIKCKI.MK се врши исклучиво на територијата на Р. Северна Македонија, преку Пошта на Р. Северна Македонија. Роковите за испорака на територија на град Скопје се до крајот на следниот ден, а во другите градови во Македонија во рок од 48 часа. 

При купување со платежна картичка, за секоја успешна трансакција/нарачка до нарачка до 12 часот, роковите за испорака почнуваат да течат од истиот ден. За секоја успешна трансакција/нарачка по 12 часот,  роковите за испорака почнуваат да течат од наредниот работен ден. Доколку купувањето е извршено во петок после 12 часот, за време на викенд, државен или верски празник, роковите за испорака почнуваат да течат од првиот нареден работен ден.

 При вирманско плаќање во банка или пошта, доставата е по добиена уплата, а роковите за испорака почнуваат да течат од наредниот ден по уплатата. Доколку плаќањето е извршено во петок или сабота, на ден пред или на државен или верски празник, роковите за испорака почнуваат да течат од првиот нареден работен ден по добиена уплата.

Доставата се врши според податоците за достава во вашата нарачка. По направеното купување, очекувајте повик од доставувачот на Пошта на РСМ  на моб. телефон наведен во вашата нарачка, заради договарање на преземањето.

Трошоците за достава изнесуваат 150,00 ден. и ги сноси купувачот доколку минималната купена количина е 25 кесички. За секоја нарачка од 50 кесички или повеќе, доставата е бесплатна. Доколку го има, трошокот за достава ќе биде наведен во фактурата.

Рекламации

Пратката треба да ви биде врачена без оштетувања на надворешната обвивка на пакувањето, а евентуалните оштетувања на пратката пријавете ги веднаш кај доставувачот. Напоредно доставете информација до Дипрес.