ПРОМОТИВНА АКЦИЈА FIFA WORLD CUP QATAR 2022

– Пополнувајте го вашиот албум и обрнете внимание на позадините на сликичките на кои се наоѓа една од буквите, броевите или ознаката ТМ(како што е прикажано во албумот) кои се потребни за составување на изразот: FIFAWORLDCUPQATAR2022TM
Соберете ги позадините со сите овие букви, броеви и ознаката TM (вкупно 22) и учествувајте во Промотивната акција за ПОДАРОК – ПАМЕТЕН ЧАСОВНИК. Промотивната акција ќе се реализира во во 5 одделни кола распоредени во целиот период на продажбата на PANINI FIFA WC QATAR 2022 и ќе бидат доделени вкупно 500 подароци, по 100 во секое коло.
– Добитници во секое коло ќе бидат оние 100 колекционери со собрани позадини што најбрзо ќе се пријават за подарок според Правилата (општи и посебни) за учество во акцијата.
– Распоредот на колата и правилата за учество се прилагодени на промотивните цели на акцијата и треба да овозможат што поширок круг на колекционери да земат учество и да ја искористат можноста за подарок.

– Промотивната акција ќе се одвива во 5 одделни кола што ќе започнуваат по следниот распоред: Прво коло 03.10.2022; Второ коло 17.10.2022; Трето коло 31.10.2022; Четврто коло 14.11.2022 и Петто коло 28.11.2022.
– Секое коло ќе започнува на наведениот датум, а ќе завршува со приемот на потребниот број пријави за доделување на 100 подароци, што ќе биде соопштувано на нашата веб страна SLIKICKI.MK (Промотивна акција  – Соопштенија)
Пријавувањето ќе може да се врши секој ден во времетраењето на колото, од 09:00 до 17:00 часот, односно до добивање на доволен број Пријави за доделување на подароците во тоа коло.

– Во секое коло, колекционерите со собрани позадини, можат да се пријават за подарок само со пополнување и доставување на формуларот(пријава) кој наоѓа линкот подулу и е составен дел на Правилата. Формиларот(пријава) ќе биде достапен на денот и времето на почетокот на секое коло.

– Добитници на подарок во секое коло ќе бидат првите 100 пристигнати пријави, доколку истите бидат во склад со Правилата (општи и посебни) и доколку пријавата биде потврдена со предавање на собраните позадини најдоцна во рок од два дена од добивањето известување – повик од наша страна.

– На сите 100 првопријавени колекционери, доколку пријавата е во склад со Правилата (општи и посебни), ќе им биде упатено известување – повик со инструкции за предавање на позадините и за преземање на подарокот, а по потреба истото ќе биде олеснето и со непосредна комуникација со овие колекционери.долнио

–  Во Промотивната акција еден ист колекционер може да биде добитник на само еден подарок и само во едно коло.
–  Пријавата за подарок може да се однесува само на еден колекционер и за еден подарок.
– Во секое коло, еден ист колекционер може да се пријави за подарок само еднаш, доколку не е добитник на подарок во претходните кола.   
– Колекционерот чија пријава во едно коло нема да биде меѓу првите 100, може да учествува во следните кола.
– Пријавите што нема да бидат потврдени со предавање на собраните позадини во наведениот рок ќе се сметаат за невалидни, а подароците ќе се доделат на други колекционери, според редоследот на пристигнатите пријави во тоа коло.
– Списоците на добитници, според редоследот на пристигнатите пријави во секое коло, потврдени со предадени позадини, ќе бидат објавувани на нашата веб страна SLIKICKI.MK пред започнувањето на следното коло.
– Право на учество имаат само колекционери со адреса на живеење во Р.С. Македонија.
– Вработените во ДИПРЕС ДООЕЛ Скопје и членови на нивните потесни семејства немаат право на учество.

Список на добитници на подарок во Прво коло 03.10.2022

Список на добитници на подарок во Второ коло 17.10.2022

Список на добитници на подарок во Трето коло 31.10.2022

Четврто коло 14.11.2022 – Список на првопристигнати 100 пријави

Соопштение во врска со доставувањето на пријавите:

Почитувани колекционери,

иако со правилата на Промотивната акција не беше предвидено, а со цел што повеќе да ви го приближиме текот на акцијата, при пријавувањето за подарок во првите три кола користевме соодветана софтверска автоматика со која секоја пријава повлекуваше реден број што ви беше соопштуван веднаш по доставувањето на пријавата. Меѓутоа, оваа автоматика се покажа недоволно совршена за многу брзата динамика на пристигнувањето на вашите пријави, па имавме случаи повеќе пријави доставени во исто време да повлечат еден ист реден број, што може да создава недоразбирања и потешкотии во нормалното спроведување на Акцијата и доследна примена на Правилата. Вакви случаи се појавија во Третото коло и заради тоа се определивме во последните две кола да ја исклучиме ваквата автоматика, а списокот на првопристригнатите 100 пријави, според временскиот редослед на пристигнување на нашиот сајт, да го објавуваме веднаш по завршување на Колото. 

Оваа промена воопшто не влијае на регуларноста и на примената на правилата на Акцијата и се надеваме дека ќе наиде на разбирање и прифаќање од ваша страна.

Сите податоци што во рамките на Промотивната акција ќе ги добиеме од колекционерите, ќе ги користиме само за целите на акцијата, нема да ги споделуваме со трети лица и целосно ќе ги заштитиме согласно со Законот за заштита на личните податоци на Р.С. Македонија.

ПРВО КОЛО - ЗАВРШЕНО
ВТОРО КОЛО - ЗАВРШЕНО
ТРЕТО КОЛО - ЗАВРШЕНО
ЧЕТВРТО КОЛО - ЗАВРШЕНО
ПЕТТО КОЛО - ЗАВРШЕНО
ПЕТТО КОЛО 28.11.2022 - ЗАВРШЕНО

Петтото коло од промотивната акција e завршено на 28.11.2022 во 10.40 часот  со пристигнување на доволен број на пријави за доделување на подарокот.