L.O.L. SURPRISE 3 - ПОДАРОК

Упатство за досоставување на празните кесички и преземање на подарокот

Соберете 50 празни кесички од сликичките за албумот LOL Surprise 3, ставете ги во коверт, заедно со ваши податоци(име и презиме и адреса), како и со назначување на ранецот што сте го избрале(ранец 1 или ранец 2) и доставете ги на еден од овие начини:

1. Колекционерите од Скопје, но и од другите места во Македонија, доколку се во можност, празните кесички можат да ги доставуваат во продавницата за странски списанија СВЕТ(World Press), Ул. Васил Главинов 3, тел. 02 3298082, каде веднаш ќе го преземат својот подарок.

2. Колекционерите од другите места во Македонија, ковертот со празните кесички и со потребните податоци, можат да го достават со препорачана пошта, на адреса ДИПРЕС ДООЕЛ Скопје, Ул. Васил Главинов бр. 3, 1000 Скопје, при што во податоците задолжително, покрај точна адреса, да наведат бр. на моб. телефон и е-маил адреса за контакт. Подарокот ќе биде испорачан по пошта. Ги замолуваме колекционерите да не ги користат продажните места за доставување на кесичките.

НАПОМЕНА: Празните кесички за подарок може да се доставувaат од 15.12.2021

СПОДЕЛИ:

L.O.L. SURPRISE 3

Нов албум со сликички за ново незаборавно LOL доживување! 

Новата колекција на Панини LOL SURPRISE 3 пристигнува како вистински подарок за празниците што претстојат. Ви подготвивме единствена можност- пополнувајќи го вашиот нов албум да се забавувате и да другарувате со вашите омилени LOL ликови, а со празните кесички да добиете вреден подарок-ексклузивен, оригинален LOL ранец, токму таков каков што посакувате. Ранците се со врвен квалитет и ви се на располагање во два различни модели и големина. Единствен „проблем“ е што изборот е ограничен со количините, па предност да избираат ќе имаат побрзите. Но, и тоа не е голем проблем, бидејќи и двата модели се прекрасни.

Потребно е да соберете 50 празни кесички од сликичките за албумот LOL SURPRISE 3,  да ги доставите и да го преземете вашиот подарок. При тоа, ве молиме целосно да се придржувате кон упатството за доставување на кесичките и за преземање на подарокот.

Придружете се во новото незаборавно LOL доживување. Ве очекуваме!

СПОДЕЛИ: