L.O.L. SURPRISE 3 - ПОДАРОК

Упатство за досоставување на празните кесички и преземање на подарокот

Соберете 50 празни кесички од сликичките за албумот LOL Surprise 3, ставете ги во коверт, заедно со ваши податоци(име и презиме и адреса), како и со назначување на ранецот што сте го избрале(ранец 1 или ранец 2) и доставете ги на еден од овие начини:

1. Колекционерите од Скопје, но и од другите места во Македонија, доколку се во можност, празните кесички можат да ги доставуваат во продавницата за странски списанија СВЕТ(World Press), Ул. Васил Главинов 3, тел. 02 3298082, каде веднаш ќе го преземат својот подарок.

2. Колекционерите од другите места во Македонија, ковертот со празните кесички и со потребните податоци, можат да го достават со препорачана пошта, на адреса ДИПРЕС ДООЕЛ Скопје, Ул. Васил Главинов бр. 3, 1000 Скопје, при што во податоците задолжително, покрај точна адреса, да наведат бр. на моб. телефон и е-маил адреса за контакт. Подарокот ќе биде испорачан по пошта. Ги замолуваме колекционерите да не ги користат продажните места за доставување на кесичките.

НАПОМЕНА: Празните кесички за подарок може да се доставувaат од 15.12.2021

СПОДЕЛИ: