L.O.L. SURPRISE 3 - ПОДАРОК

Упатство за досоставување на празните кесички и преземање на подарокот

Соберете 50 празни кесички од сликичките за албумот LOL Surprise 3, ставете ги во коверт, заедно со ваши податоци(име и презиме и адреса), како и со назначување на ранецот што сте го избрале(ранец 1 или ранец 2) и доставете ги на еден од овие начини:

1. Колекционерите од Скопје, но и од другите места во Македонија, доколку се во можност, празните кесички можат да ги доставуваат во продавницата за странски списанија СВЕТ(World Press), Ул. Васил Главинов 3, тел. 02 3298082, каде веднаш ќе го преземат својот подарок.

2. Колекционерите од другите места во Македонија, ковертот со празните кесички и со потребните податоци, можат да го достават со препорачана пошта, на адреса ДИПРЕС ДООЕЛ Скопје, Ул. Васил Главинов бр. 3, 1000 Скопје, при што во податоците задолжително, покрај точна адреса, да наведат бр. на моб. телефон и е-маил адреса за контакт. Подарокот ќе биде испорачан по пошта. Ги замолуваме колекционерите да не ги користат продажните места за доставување на кесичките.

НАПОМЕНА: Празните кесички за подарок може да се доставувaат од 15.12.2021

СПОДЕЛИ:

L.O.L. SURPRISE 3

Нов албум со сликички за ново незаборавно LOL доживување! 

Новата колекција на Панини LOL SURPRISE 3 пристигнува како вистински подарок за празниците што претстојат. Ви подготвивме единствена можност- пополнувајќи го вашиот нов албум да се забавувате и да другарувате со вашите омилени LOL ликови, а со празните кесички да добиете вреден подарок-ексклузивен, оригинален LOL ранец, токму таков каков што посакувате. Ранците се со врвен квалитет и ви се на располагање во два различни модели и големина. Единствен „проблем“ е што изборот е ограничен со количините, па предност да избираат ќе имаат побрзите. Но, и тоа не е голем проблем, бидејќи и двата модели се прекрасни.

Потребно е да соберете 50 празни кесички од сликичките за албумот LOL SURPRISE 3,  да ги доставите и да го преземете вашиот подарок. При тоа, ве молиме целосно да се придржувате кон упатството за доставување на кесичките и за преземање на подарокот.

Придружете се во новото незаборавно LOL доживување. Ве очекуваме!

СПОДЕЛИ:

FIFA 365 2022 - ПОДАРОК ЗА ЛОЈАЛНОСТ

Доставувањето на позадините и преземањето на подарокот може да се направи во продавницата за странски списанија СВЕТ (WorldPress), Ул. Васил Главинов бр. 3, тел. 02 3298082, од понеделник до петок

или по пошта на адреса ДИПРЕС ДООЕЛ СКОПЈЕ П.Ф. 391, 1000 СкОПЈЕ, со наведување на име и презиме, адреса, телефон за контакт или е-пошта и бараната големина на маица.

ДОСТАПНИ ГОЛЕМИНИ: M, L, XL (напомена: изборот на големината е ограничен со количините)

Доставувањето на позадините и преземањето на подарокот може да се врши почнувајќи од 08.11.2021 година

НАПОМЕНА: Изборот на големината

СПОДЕЛИ:

НАСКОРО - ПАНИНИ FIFA 365 2022

НАСКОРО!

PANINI FIFA 365 – Златниот свет на фудбалот 2022, најатрактивната FIFA 365 колекција што доаѓа непосредно пред FIFA WC QATAR 2022, со специјален подарок за колекционерите во Македонија – Албум со голем постер на Македонската-фудбалска репрезентација. За ваше целосно доживување, со оваа колекција обезбедивме и атрактивен подарок – Ексклузивна маица PANINI FIFA 365, што ќе ја подгрева атмосферата пред FIFA WC QATAR 2022, а бидете подготвени и за дополнителен подарок што ќе потсетува на историскиот прв настап на Македонија на голем фудбалски настан. Правилата и условите и како до подарок, на страниците во Албумот.

Колекцијата PANINI FIFA 365-2022 ќе биде достапна во малопродажната мрежа во цела Македонија и преку Е-продавницата на Дипрес, а очекувајте ја и промоцијата со бесплатен Албум во Нова Македонија.

Подгответе се за ново прекрасно доживување!

СПОДЕЛИ:

EURO 2020 - ВО ПРОДАЖБА ОД 5-ти АПРИЛ

Наближува времето за собирање и за испишување на фудбалската историја на Македонија.
Официјалниот албум со сликички на Панини – EURO 2020,
ВО ПРОДАЖБА ОД 5-ти АПРИЛ!!!
СПОДЕЛИ:

SLIKICKI.MK ::: Е - ПРОДАВНИЦА

Е-ПРОДАВНИЦА – во иднина, покрај во веќе постојната продажна мрежа, сликички за колекциите на Панини ќе можете да купувате и преку Е-продавницата на Дипрес – SLIKICKI.MK. Воведовме целосно безбеден начин на купување, со брза лична испорака/достава, што ќе ви заштеди време, средства и соодветна заштита во услови на пандемија.

СПОДЕЛИ:

ПРОМОТИВНА АКЦИЈА со подароци за колекционерите на албумите со сликички Minecraft и Ledybug Miraculous

Празните кесички, во коверт, со :име и презиме,адреса, тел. за контакт и избрана големина на маицата, доставете ги на еден од овие начини:

1. Колекционерите од Скопје, но и од другите места во Македонија, доколку се во можност, празните кесички можат да ги доставуваат во продавницата за странски списанија СВЕТ(World Press), Ул. Васил Главинов 3, тел. 02 3298082, каде веднаш ќе го преземат својот подарок.

2. Колекционерите од другите градови во Македонија, ковертот со празните кесички можат да го достават во едно од следните продажни места: Куманово(ПАВЕЛ 2 Тобако), Св. Николе(ТП ГРОЗДАНОВИ), Штип(СОФИ АГРО), Струмица(КРЕЧЕВИ ДООЕЛ), Богданци(РИ-ВИ Тобако), Гевгелија(ЛЕ-НИ Плус), Неготино(ТП КОРЗО), Кавадарци(СИГМА Т), Велес(ЈОСЕ Тобако), Тетово(ГРАНД Тобако), Гостивар(ФИЛИП БАТО Тобако), Кичево(ЕЛИ КОМЕРЦ), Струга(ФИДЕКО), Охрид(БАЗАР), Битола(КРИСМИ ТРЕЈД), Прилеп(АЈ НИКА). Подарокот ќе биде доставен по пошта..

Промотивната акција ќе се одвива во целиот период на продажба на албумите со сликички Minecraft и Ledybug Miraculous,  а завршувањето ќе биде соопштено на нашиот сајт slikicki.mk

СПОДЕЛИ: